Erdoğan Çağatay Zontur
24 Април 2019•Ажурирај: 24 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека оние ние кои предизвикуваат проблеми со т.н. наводи за геноцид врз Ерменците, особено Франција, воопшто не им е грижа за вистината, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кога целосно ќе загребете под површината на масакрите, геноцидите, измачувањата и нечовечкиот третман, ќе ги здогледате оние кои денес против нас извикуваат ‘Геноцид, демократија и слобода’“, изјави Ердоган на симпозиумот за архивски и историски истражувања во главниот град Анкара.
„Сите кои се обидуваат да ѝ држат лекции на Турција за ерменското прашање, за човековите права и демократијата, имаат крваво минато“, додаде Ердоган.
„Широко се отворени се вратите од архивите за сите чија вистинска цел е откривање на вистината. Немаме што да криеме“, изјави Ердоган, повикувајќи ги Ерменците и трети страни да ги истражат настаните од 1915 година.
Турскиот претседател рече дека ниту една група ниту држава која го истражувала ерменското прашање, не ги докажала своите тврдења со архивски документи.
Тој ги даде овие изјави во пресрет на прогласувањето на ден на комеморација во Франција за т.н. тврдења за геноцид.
Потсетуваме, настаните од 1915 година се случија за време на Првата светска војна, кога дел од ерменското население кое живееше во Османлиско Царство, им се приклучи на Русите кои влегоа на територијата, и се побунија. Овие настани се предмет на спор помеѓу Ерменија и Турција.
Официјална Анкара нагласува дека сите страни во Првата светска војна претрпеле големи жртви и дека со тие историски настани треба да се бават експертите, а не политичарите. Турција не ги прифаќа ерменските тврдења за наводен „геноцид".
Истакнувајќи дека во 1915 година се случила голема трагедија за двете страни, Турција предлага формирање заедничка комисија која би спровела истрага за тој период, а која би ја сочинувале турските, ерменските и меѓународните историчари.