Büşra Nur Bilgiç
23 Април 2019•Ажурирај: 24 Април 2019
АНКАРА (АА) - Телата на двајцата турски државјани, кои ги загубија своите животи во нападите во Шри Ланка, се донесени во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Дипломатски извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен, изјави дека телата на Серхан Селчук Наричи и Јигит Али Џавуш ќе бидат испратени во нивните родни градови.
Во неделата на католичкото празнување на Велигден се случија осум експлозии на осум различни локации во и надвор од главниот град Коломбо. Во нападите загинаа 310, а повредени се 500 лица.
Цел на бомбашките напади беа три цркви во градовите Кочикаде, Негомбо и Батикалоа, како и трите луксузни хотели „Кингсбери“, „Синамон гранд“ и „Шангри Ла“ во Коломбо. Уште две експлозии одекнаа на периферијата на Коломбо.
Ниту една група не презеде одговорност за нападите.