Турција

Остатоците од бродот „Капетан Франгос“ во длабочините на Дарданелите привлечна локација за подводните фотографи

Едно такво место е бродот „Капетан Франгос“, кој потона во длабочините на морето по несреќата што се случи на 19 февруари 1968 година...

Elena Trenchevska Chekovic  | 20.08.2025 - Обновена : 20.08.2025
 Остатоците од бродот „Капетан Франгос“ во длабочините на Дарданелите привлечна локација за подводните фотографи Фото: Tahsin Ceylan/AA

СКОПЈЕ (АА) – Освен по историските бродоломи, теснецот Чанаккале во северозападниот дел на Турција, познат и како Дарданели, е привлечна локација и за нуркање на подводните фотографи, морските истражувачи и ентузијастите, јавува Анадолу.

Едно такво место е бродот „Капетан Франгос“, кој потона во длабочините на морето по несреќата што се случи на 19 февруари 1968 година. Товарен брод под грчко знаме што патувал од Малта до бугарското пристаниште Варна се судрил со бродот „Димос“.

По судирот, бродот долг приближно 125 метри и тежок 1.530 тони брзо потонал и останал свртен наопаку на морското дно во теснецот Дарданели. Сместен на длабочина од приближно 47 метри, бродот низ времето е покриван со разновиден растителен свет, како сунѓери и меки црвени корали.

Бродот се наоѓа на место каде што струите се силни и наметнуваат предизвикувачки услови за подводните фотографи и ентузијастите за нуркање. Бидејќи видливоста се намалува во текот на летните месеци, силуетата на бродот не може да се види сè додека нуркачите не се спуштат на длабочина од околу 30 метри.

Иако не е историски бродолом, „Капетан Франгос“ придонесува за нуркачкиот туризам во регионот, додавајќи нова димензија на подводното наследство на Дарданелите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.