Zehra Aydın
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, денес во Акара изјави дека имплементацијата на безвизниот режим со Европската Унија во 2018 година, би била еден нов импулс во односите меѓу Турција и ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин одговaраше на прашањата на новинарите во врска со актуелните настани, меѓу другото за случувањата во Сирија, и за односите меѓу Турција и САД.
Тој порача дека за обнова на меѓусебната доверба помеѓу Турција и Соеднинетите Американски Држави (САД) неопходни се конкретни чекори од страна на американската администрација.
„Ние вложуваме напори за обнова на взаемната доверба со Соединетите Американски Држави (САД), но она со што оваа доверба би била обновена се и конкретните чекори што ќе ги преземе американската администрација на терен“, порача портпаролот Калин.
На прашањето во врска со тврдењата дека Турција има контакти со режимоит во Сирија, Калин одговори:
„Ние немаме остварено никаков контакт со режимот (во Сирија), ниту во моментов има говор за воспоставување на таков контакт“.
Во врска со операцијата „Маслинова гранка“, којашто ја спроведуваат турските сили во северниот дел на Сирија, со цел елиминирање на терористичките елементи кои претставуваат закана за безбедноста на Турција, Калин порача дека операцијата „Маслинова гранка“ нема никакво негативно влијание врз турската економија, ниту тоа се очекува во иднина.
Во врска со имплементацијата на безвизниот режим со Европската Унија (ЕУ), Калин рече: „Имплементацијата на безвизниот режим во текот на 2018 година, ќе биде нов импулс во односите меѓу Турција и ЕУ“.