Enes Kaplan
07 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Во Анкара вечерва се одржа состанок за безбедност со кој претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извори од Кабинетот на претседателот на Република Турција, на состанокот, кој се одржа во претседателската палата, беше разговарано за борбата против тероризмот во контекст на последните случувања во Сирија.
Беше направена и анализа на операцијата „Маслинова гранка" која ја спроведуваат турските сили во Африн во Сирија.
На состанокот присуствуваа и премиерот, Бинали Јилдирим, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција Хулуси Акар, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за одбрана Нуретин Чаникли и други функционери.
Потсетуваме, турските вооружени сили неутрализираа најмалку 970 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ од почетокот на операцијата „Маслинова гранка" во сирискиот пограничен регион Африн.