Sorwar Alam
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за ЕУ, Омер Челик, денес изјави дека Анкара го финализирала нацрт документот за турските граѓани да патуваат во Шенген земјите без визи, кој наскоро ќе го поднесат до Европската комисија, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на прес-конференција во Анкара, Челик изјави: „Ние ја завршивме работата (со визната либерализација). Овие документи наскоро ќе бидат поднесени до Европската комисија“.
Тој нагласи дека Анкара ги исполнила сите обврски во врска со визната либерализација.
„Турција ги исполни сите 72 барања од договорот“, истакна тој, додавајќи дека Анкара предложила и самит меѓу ЕУ и Организацијата за исламска соработка (ОИС), со провизорен датум во јуни, 2018 година.
„Таквиот самит би можел да биде продуктивен во однос на испраќање на глобална порака“, нагласи тој.
Според договорот за реадмисија помеѓу ЕУ и Турција, потпишан во март 2016 година, Анкара треба да ги прими сите нерегуларни баратели на азил кои стигнуваат до грчките острови од Турција.
Визната либерализација за турските државјани кои патуваат во земјите од Шенген зоната е едно од клучните ветувања на ЕУ во договорот.