Zuhal Demirci
07 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, пристигна во посета на главниот град на Иран, Техеран, каде што ќе реализира низа средби, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу денес пристигна во Техеран, каде што ќе оствари средба со иранскиот претседател Хасан Рохани.
Чавушоглу во рамките на посетата ќе се состане и со својот ирански колега, Џавад Зариф.
За време на средбите, се очекува да се разговара околу билатералните и регионални прашања, како и за прашањето околу Сирија.