Sinan Uslu
03 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
ЕСКИШЕХИР (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, денес порача дека неговата земја секогаш има сили за на соодветен начин да им одговори на оние што сакаат да го нарушат нејзиното единство, заедништво и братство, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим денес престојуваше во турскиот град Ескишехир, а во таа пригода се осврна на актуелните случувања.
Тој се осврна на вчерашниот оружен напад во Лас Вегас, во кој според последните информации загинаа најмалку 59 лица, а ранети се стотици.
„Од каде и да погледнете, и како и да го наречете, тоа е бруталност и лудило. Во оваа пригода сакам да изразам сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените побрзо оздравување. Турскиот народ се солидализира со американскиот народ“, изјави Јилдирим.
Турскиот премиер се осврна и на кризата околу нелегитимниот референдум во северен Ирак, и порача дека неговата земја секогаш има сили на соодветен начин да им одговори на оние што сакаат да го нарушат нивното единство, заедништво и братство.
„Напорите за формирање на нова држава на подрачјето на Ирак и Сирија, без оглед од каде да доаѓаат, за Турција се прашање на национална безбедност. Кога е во прашање националната безбедност, Турција го чува своето право да преземе секаков чекор. Целиот свет тоа треба да го знае. Кон никого немаме непријателство, но оние што сакаат да го нарушат нашето единство, заедништво и братство, треба да знаат дека ние секогаш имаме сили на тоа да им одговориме соодветно. Оние што тоа не сакаат да го разберат, нека се присетат на Чанаккале, нека се присетат на Турската војна за независност, нека се присетат на 15. јули“, ијзави Јилдирим.