Sayim Harmancı
04 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ХАКЌАРИ (АА) - Најмалку четворица турски војници загинаа, а четворица се повредени во терористички напад што се случи во југоисточниот турски град Хакќари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кабинетот на гувернерот Хакќари се наведува дека местото Јуксекова, во близина на градот, каде што при тргнување на воената патрола експлодирала експлозивна направа која претходно била поставен од припадниците на терористичката организација ПКК.
„Четири лица загинаа во експлозија на импровизирана направа, а уште четворица војници се повредени. Ранетите војници итно се префрлени во болницата во Јуксекова“, се вели во соопштението.