Emrah Güney
04 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул е организирано колективно венчавање за 43 двојки кои претходно стапиле во брак, но не успеале официјално да се венчаат, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа несекојдневна венчавка се одржа во организација на општината Газиосманпаша.
На венчавката присуствуваше и градоначалникот на Хасан Тахсин Уста, кој во таа пригода им рече на присутните дека одлучиле да организираат колективна венчавка како знак на општествената одговорност кон граѓаните.

„Со нив ја споделуваме нивната голема среќа. Мило ни е што во рамките на овој општествен проект успеавме да овозможиме венчавање за паровите кои претходно од одредении причини не успеале да направат венчавка. Во оваа пригода ќе им врачиме и пригодни подароци. Се надевам дека и во иднина исто вака ќе организираме колективни венчавки“, рече Уста.
Бехие Полат, една од невестите, рече дека е среќна што има можност да присуствува на таков настан, иако, како што рече, поминале шест години колку што е во брак.
„Ова е многу убава манифестација. Мојот сопруг и јас не успеавме претходно да се венчаме поради одредени обврски, убаво е чувството сега, откако се венчавме. Ова навистина многу го сакавме“, истакна Полат пред новинарите.
Мурат Демиркиран, кој е во брак веќе 26 години, изјави дека поради одредени обврски и проблеми претходно не успеал да направи официјална венчавка.
Семејствата, пријателите и претставниците на општината по церемонијата, на „младенците“ им ставија венчални прстени.