Kemal Karadağ
14 Септември 2018•Ажурирај: 15 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара изјави дека наглите промени на девизниот пазар, забележани во текот на август оваа година се доказ за обид за економски атентат на неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција набрзо ќе го надвладее бранот на промените на девизниот пазар“, порача Ердоган.
Ердоган изјави дека наглите промени на девизниот пазар покажуваат дека се работи за политичка состојба, бидејќи неговата земја не одговорила на барањата на американската администрација кои претставуваат отворено непочитување на една суверена држава.
„Случувањата низ кои поминува Турција се показател дека ниту една земја во светот повеќе нема политичка и економска безбедност“, изјави Ердоган.
Турскиот претседател порача дека неговата земја никогаш нема да попушти пред уцените на колонијалистите.