Göksel Yıldırım
10 Март 2021•Ажурирај: 12 Март 2021
АНКАРА (АА) - Тактичкото оклопно возило со тркала „Еждер Јалчин 4х4“, развиено во рамките на турската одбранбена индустрија, продолжува да се извезува, пишува Агенција Анадолија (АА).
Турските оклопни возила „Еждер Јалчин 4х4“, произведени од фирмата „Нурол Макина“ со конвенционалната и високозаштитна способност и со својата супериорна подвижност ги исполнува потребите на корисниците и во Турција и надвор од земјата.
Оклопното возило „Еждер Јалчин 4х4“ има повеќе од 10 различни конфигурации развиени за употреба во борбени и мисии за поддршка. Овие возила се користат во многу земји во регионот на Блискиот Исток, Заливот, Азија, Африка и Европа.
Во инвентарот на Унгарија, земја членка на Европската Унија и НАТО, оклопното возило „Еждер Јалчин 4х4“ влезе во 2020 година. И таа стана прва земја членка која го користи оклопното возило, покрај Турција.

„Еждер Јалчин 4х4“ ќе биде користено во заеднички оперативни мисии на НАТО заедно со возилата со напредна технолошка инфраструктура кои се наоѓаат во инвентарот на организацијата.
Во согласност со барањата од корисниците, во семејството на возилото се приклучија и возило за брза помош и минофрлачко возило за проектили со калибар од 120 милиметри.
„Еждер Јалчин 4х4“ исто така го зголеми бројот на корисници во Мировните сили на Обединетите нации. Возилото успеа да го заштити дежурниот персонал од асиметричните закани и напади во Сахеловиот појас.
На тој начин, „Еждер Јалчин 4х4“ постигна успех како единствено турско возило што се користи и во мисиите на НАТО и на Обединетите нации. „Еждер Јалчин 4х4“, зголемувајќи ја довербата на корисниците, ја зголеми и побарувачката.

Компанијата „Нурол Макина“ годинава потпиша договор со нов корисник. Возилото ќе се користи во Мировните сили на Обединетите нации.
- Милиони километри искуство -
Една од причините за избирање на оклопното возило „Еждер Јалчин 4х4“ е успешниот спој на неговото високо ниво на заштита со супериорната подвижност.
„Еждер Јалчин 4х4“ исто така се избра и поради тоа што компанијата „Нурол Макина“ обезбедува сеопфатна поддршка за одржување и поправка на возилото во самото место каде што се одвиваат операциите на Обединетите нации.
Оклопното возило, кое има кориснички ориентиран дизајн во смисла на одржливост, одржување и поправка, исто така, има патно искуство од милиони километри.
Фактот што „Еждер Јалчин 4х4“ го докажа своето високо ниво на сигурност во клучните мисии на теренот, е во предност во однос на неговите конкуренти.
Возилото кое може да се користи за повеќе задачи, овозможува на земјите кориснички да го користат за мисиите во Обединетите нации, НАТО и другите меѓународни мисии.
Благодарение на архитектонската структура (N-GVA), во согласност со НАТО, на возилото „Еждер Јалчин 4х4“ можно е да се интегрира многу опрема.