Yasemin Kalyoncuoğlu
22 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин порача дека во телефонскиот разговор помеѓу претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп беше истакната важноста на зајакнувањето на односите меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„За време на разговорот беа спомнати регионалните случувања. Исто така беше истакната важноста на зајакнувањето на односите меѓу двете земји, сојузници во НАТО и стратешки партнери", се вели во писмената изјава на Калин.
Се додава дека двајцата лидери се согласиле за потребата да се елиминираат пречките кои негативно влијаат на нивните билатерални односи.
„Двајцата лидери се согласија за потребата да се елиминираат пречките кои негативно влијаат на билатералните односи, како и продолжување на чекорите што се преземени со цел да се зајакне соработката во пресрет на заедничките стратешки предизвици", се заклучува во соопштението.
Потсетуваме, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп денеска телефонски разговор за билатералните и регионалните прашања.