Orhan Onur Gemici
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
АНКАРА
Началникот на полицијата, Мехмет Акташ: „Во 21 област изведени се 26 операции во кои се приведени 100 припадници на ДЕАШ, кои сакале да изведат акции на Денот на Републиката“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави Генералниот директорат на полицијата се вели дека на состанокот организиран во нивните простории свое обраќање имал началникот Акташ, кој истакнал дека трудољубиво и одлучно ја продолжуваат борбата против сите терористички организации, првенствено против ФЕТО, ДЕАШ и ПКК.
Во соопштението се отстапува место и на изјавата на началникот Мехмет Акташ, кој посочи: „Во 21 област изведени се 26 операции во кои се приведени 100 припадници на ДЕАШ, кои сакале да изведат акции на Денот на Републиката. Откриени се 1.297 профили на социјалните мрежи, кои ширеле негативна пропаганда против операцијата „Извор на мирот“, приведени се 452 лица, а 78 се притворени.“
Началникот Акташ наведе дека успешно ги спроведуваат и операциите насочени против трговијата со дрога и мигранти и операциите за спречување на кривичните дела во јавниот живот. „Продолжувајќи со зголемените превентивни мерки на контролните точки, нашиот персонал ја покажува потребната трудољубивост и чувствителност во контролата“, изјави Акташ.