Büşra Nur Bilgiç
30 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турската полиција денеска приведе 35 лица под сомнение за поврзаност со терористичката ФЕТО, организација која што стои зад обидот за пуч во Турција во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„35-те лица се дел од 55-те лица за кои имаше налози за приведување издадени од обвинителите во главниот град Анкара во врска со инфилтрацијата на ФЕТО во Командата на турските воздухопловни сили“, соопштија извори под услов на анонимност.
Приведувањата се извршени во 24 турски области, а операциите продолжуваат да трагаат по останатите осомничени.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.