Ekipa
06 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
ЛИВЕРПУЛ (АА) - Шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп, денес потврди дека Мухамед Салах поради повреда нема да може да настапи на утрешниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампиони против Барселона, јавува Anadolu Agency (AA).
Германскиот експерт Клоп денес потврди дека египетскиот ас и најдобар фудбалер на Ливерпул, Салах, на саботниот меч против Њукасл претрпел потрес на мозокот и дека клупските лекари не дозволиле да настапи на утрешниот меч во Лигата на шампиони.
„Салах се чувствува добро, но тоа не е доволно од медицински аспект за да би играл. Тој очајнички сака да игра, но тоа не е можно“, изјави Клоп.
По дуелот со голманот на Њукасл, Мартин Дубравка, Салах во саботниот меч на англиската Премиер лига падна на теренот, по што беше изнесен.
Клоп изјави дека најдобриот стрелец на Премиер лигата, Салах, ќе биде подготвен за настап во последниот лигашки меч против Вулверхемптон во недела.
Ливерпол и утре на „Енфилд роуд“ ќе ја дочека Барселона во реванш од полуфиналето на Лигата на шампиони и ќе се обиде да ја стигне големата предност од 3:0, која каталонскиот тим ја оствари во неодамнешниот меч на „Камп ноу“.
Клоп изјави дека пред неговиот тим се наоѓа тешка задача, но додаде дека ќе се обиде да ја победи Барселона и да ѝ приреди на публиката добра фудбалска претстава.