спорт

Челси го отпушти тренерот Френк Лампард

„Благодарни сме му на Френк за она што го постигна во своето време како главен тренер на клубот. Меѓутоа, неодамнешните резултати и настапи не ги исполнија очекувањата на клубот“

25.01.2021 - Обновена : 27.01.2021
Челси го отпушти тренерот Френк Лампард

ЛОНДОН (АА) - Фудбалскиот клуб Челси денес го отпушти главниот тренер Френк Лампард, потврдено е од лондонскиот клуб, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Ова беше многу тешка одлука, а не онаа која сопственикот и управата лесно ја сфатија“, наведоа од клубот од Стенфорд Бриџ и додадоа:

„Благодарни сме му на Френк за она што го постигна во своето време како главен тренер на клубот. Меѓутоа, неодамнешните резултати и настапи не ги исполнија очекувањата на клубот.“

„Никогаш не може да биде добро време за разидување со клупска легенда како што е Френк“, наведоа од англискиот премиерлигаш, но по долго размислување и разгледување е одлучено дека сега е потребна промена кога на клубот би му се дало време да ги подобри настапите и резултатите од оваа сезона.

Роман Абрамовиќ, сопственикот на клубот, изјави дека ова била многу тешка одлука за клубот, не само затоа што со Франк има одлични лични односи и особено го почитува. „Тој е човек со голем интегритет и има најголема работна етика. Меѓутоа, во моменталните околности веруваме дека е најдобро да го промениме менаџерот.“

„Во име на сите во клубот, Одборот и лично, сакам да му се заблагодарам на Френк за неговата работа како главен тренер и да му посакам успех во иднина. Тој е важна икона на овој голем клуб и неговиот статус тука останува ненамален. Секогаш топло ќе го дочекаме на Стенфорд Бриџ“, порача тој.

Како што е истакнато, клубот нема да дава понатамошни коментари сè додека не биде именуван нов главен тренер.

Челси во моментот е деветти во Премиер лигата со 29 бодови и двоцифрена разлика зад водечкиот Манчестер Јунајтед.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın