спорт

Англискиот фудбалер Вејн Руни се збогува со кариерата како играч

„Ја сакав секоја минута од мојата кариера како играч, но возбуден сум што започнав со менаџирање на одличен клуб...“

Emre Aşıkçı  | 26.01.2021 - Обновена : 27.01.2021
Англискиот фудбалер Вејн Руни се збогува со кариерата како играч

ИСТАНБУЛ (АА) - ЕМРЕ АШИКЧИ -

Англискиот фудбалер Вејн Руни, кого го нарекуваа „Чудото од дете“, се откажа од играњето фудбал на 35-годишна возраст за да се фокусира на менаџерската улога, пишува Агенција Анадолија (АА).

Сметан за најголемиот англиски играч во својата ера, Руни соопшти дека се повлекува за да стане главен тренер на англискиот второлигаш Дерби Каунти.

Руни ја започна својата кариера на фудбалер во Евертон, станувајќи најмладиот голгетер во Премиер лигата на 16-годишна возраст, со голот во продолжението против Арсенал во октомври 2002 година.

Во август 2004 година, 16-годишното момче го заврши трансферот во Манчестер Јунајтед, станувајќи најскапиот фудбалер тинејџер во светот, со трансфер вреден 27 милиони фунти.

Водечкиот голгетер на сите времиња на „црвените ѓаволи“ значаен дел од својата кариера посвети и придонесе за неговиот тим, играјќи за клубот од 2004 до 2017 година.

За време на неговата 13-годишна магична игра во Манчестер Јунајтед, Руни го водеше тимот кон пет титули во Премиер лигата, еден ФА Куп, четири Лига купови, постигнувајќи 253 гола на 559 натпревари.

Покрај домашните достигнувања, тој освои титула во Лигата на шампиони на УЕФА и Лига Европа додека беше играч на Јунајтед.

Иако никогаш немаше можност да освои трофеј со Англија, Руни се смета за еден од најдобрите играчи во неговата генерација и е рекорден стрелец и за англиската репрезентација.

На натпревар на лондонскиот стадион „Вембли“, Руни во 2015 година стана нивниот најдобар стрелец на сите времиња, запишувајќи пенал против Швајцарија.

Фудбалерот се повлече од меѓународните натпревари со репрезентацијата во 2018 година како рекорден стрелец на Англија со 53 гола на 120 натпревари.

Руни играше и за американскиот Д.Ц. Јунајтед и англискиот Дерби Каунти.

На 15 јануари, Руни беше назначен за менаџер на фудбалскиот клуб Дерби Каунти, потпишувајќи две и полгодишен договор со англискиот клуб.

Руни сподели проштална порака со своите 17,1 милиони следбеници на Твитер:

„Ја сакав секоја минута од мојата кариера како играч, но возбуден сум што започнав со менаџирање на одличен клуб во @dcfcofficial. Ви благодарам за сите пораки и најдобри желби.“

Англиската фудбалска асоцијација му оддаде почит на Руни по неговата одлука да се повлече од кариерата како фудбалер.

Во твит Федерацијата порача: „Вејн Руни, легендата на Трите лава. Честитки за фантастичната кариера како играч! Ви посакуваме сè најдобро во менаџирањето.“

„Црвените ѓаволи“ му честитаа заблагодарувајќи му се за спомените во англискиот клуб.

„Капитен. Стрелец на голови. Легенда. И сега, менаџер. Среќно пензионирање, Вејн Руни - ти благодариме за спомените“, објавија на Твитер од Манчестер Јунајтед.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın