Hilmi Sever
13 Декември 2018•Ажурирај: 14 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) – Управата на еден од најтрофејните турски клубови, Фенербахче, официјално го прекина договорот со холандскиот фудбалски експерт Филип Коку, јавува Anadolu Agency (AA).
Клубот од Истанбул утрово соопшти дека соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Коку спогодбено е завршена.
„Благодарни сме му на Коку за чесниот и позитивен пристап во целиот процес и му посакуваме среќа и успех во идната работа“, се наведува во соопштението.
Фенербахче минува низ една од најголемите резултатски кризи во својата историја, а Коку на клупата на тимот не бил по поразот од екипата Анкарагучу во 10. коло на Спор Тото Супер лигата. Во изминатите пет натпревари тимот го водеше неговиот заменик Ервин Коеман.
По 15 кола Фенербахче се наоѓа на претпоследното место на табелата на турската Супер лига со само 14 освоени бода.