спорт

Лига Европа: Утре се игра последното 6. коло во групната фаза

Утре ќе се одиграат 24 натпревари во 12 групи на Лига Европа

Doga Kirmizioglu  | 12.12.2018 - Обновена : 13.12.2018
Лига Европа: Утре се игра последното 6. коло во групната фаза

Ankara

АНКАРА (АА) - Утре ќе се одиграат 24 натпревари од последното 6. коло на групната фаза во Лига Европа, пишува Anadolu Agency (AA).

Во 12 групи ќе се одиграат 24 натпревари од групната фаза на УЕФА Лига Европа. Натпреварите ќе се играат во 18:55 и 21:00 часот.

На утрешните средби, еден од натпреварите што го привлекуваат вниманието на јавноста е мечот Олимпијакос - Милан, кој ќе одлучува за директниот пласман во наредната фаза од натпреварувањето, средбата меѓу Севиља и Краснодар во борбата за првата позиција, а тука е екипата на Стандард Лиеж, која со победа против Акхисарспор ќе бара директен пласман во наредната фаза.

Интересна разврска се очекува и во групите Г и И, каде што сите екипи имаат шанса за пласман во наредната фаза. Во групата Г се среќаваат Вилареал (7 бода) - Спартак Москва (5 бода) и Рапид Виена (7) - Ренџерс (6). Во групата И ќе се одиграат дуелите Генк (8 бода) - Сарпсборг (5 бода) и Бешикташ (7 бода) - Малме (6 бода).

Распоред на натпреварите од 6. коло на Лига Европа:

18:55 Рапид Виена - Ренџерс

18:55 Вилареал - Спартак Москва

18:55 Лацио - Ајнтрахт Франкфурт

18:55 Олимпик Марсеј - Аполон

18:55 Генк - Сарпсборг

18:55 Бешикташ - Малме

18:55 Акхисарспор - Стандард Лиеж

18:55 Севиља - Краснодар

18:55 Динамо Киев - Јаблонец

18:55 Ренс - Астана

18:55 Видеотон - Челзи

18:55 ПАОК - Бате Борисов

21:00 Лудогорец - Цирих

21:00 АЕК Ларнака - Баерн Леверкузен

21:00 Селтик - Салцбург

21:00 Лајпциг - Росенборг

21:00 Славија Прага - Зенит

21:00 Копенхаген - Бордо

21:00 Динамо Загреб - Андерлехт

21:00 Спартак Трнава - Фенербахче

21:00 Арсенал - Карабаг

21:00 Спортинг Лисабон - Ворскла Полтава

21:00 Олимпијакос - Милан

21:00 Дуделанж - Реал бетис

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.