спорт

Лига на шампиони: ПСЖ со најмногу постигнати, а Борусија Дортмунд со најмалку примени голови

Пари Сен Жермен од групата Ц излезе на лидерска позиција со постигнати 3 победи, 2 нерешени натпревари и 1 пораз

Mutlu Demirtaştan  | 13.12.2018 - Обновена : 15.12.2018
Лига на шампиони: ПСЖ со најмногу постигнати, а Борусија Дортмунд со најмалку примени голови

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - МУТЛУ ДЕМИРТАШТАН -

Пари Сен Жермен (ПСЖ) стана екипа која постигна најмногу погодоци во групната фаза во сезоната 2018 - 2019 во Лигата на шампионите во УЕФА, со тоа што 17 пати ја затресе мрежата во овој период, пишува Anadolu Agency (AA).

Пари Сен Жермен од групата Ц излезе на лидерска позиција со постигнати 3 победи, 2 нерешени натпревари и 1 пораз.

Пари Сен Жермен, со своите стрелци Единсон Кавани, Нејмар и Килиан Мбапе успеа 17 пати да ја затресе мрежата на своите противници.

Клубовите кои постигнаа најмногу голови во групната фаза во Лигата на шампионите во УЕФА во оваа сезона се следни:

На врвот на листата на клубовите кои примиле најмалку голови се наоѓа германскиот клуб Борусија Дортмунд кој во овој период прими само 2 гола.- Борусија Дортмунд прими 2 гола -

Борусија Дортмунд од групата А во која се наоѓаше заедно со Атлетико Мадрид, Клуб Бруж и Монако, излезе на лидерска позиција со постигнати 4 победи, 1 нерешен натпревар и 1 пораз.

Исто така, Монако, како и клубот АЕК кој се наоѓа во групата Е, станаа клубови со најмалку примени голови, односно 2 гола.

Клубовите кои примија најмалку голови во групна фаза се следни:

Дуелот во групата Ц меѓу Пари Сен Жермен и Црвена ѕвезда кој заврши со резултат 6:1, беше меч во кој беа постигнати најмногу погодоци.- Натпревари со најмногу постигнати погодоци -

Натпреварот во групата Ф меѓу Манчестер Сити и Шахтар Доњецк, кој заврши со резултат 6:0, стана натпревар кој заврши со најголема разлика.

Од друга страна, Црвена ѕвезда стана клуб кој прими најмногу погодоци во групната фаза, односно 17 погодоци.

- Најдобар стрелец: Левандовски -

Полскиот фудбалер на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, со постигнати 8 погодоци, стана фудбалер кој постигна најмногу погодоци во групната фаза.

Аргентинскиот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, постигна 6 погодоци во оваа фаза, по кој следуваа Един Џеко од Рома, Душан Тадиќ од Ајакс, Андреј Крамариќ од Хофенхејм, Нејмар од Пари Сен Жермен, Малили Муса Марега од Порто и Пауло Дибала од Јувентус кои постигнаа по 5 погодоци во групната фаза.

- Во групната фаза постигнати 275 погодоци -

Љубителите на фудбалот во групната фаза во сезоната 2018 - 2019 имаа можност да сведочат на 275 гола. Минатата сезона во оваа фаза беа постигнати 306 погодоци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.