Erkan Tiryaki
15 Септември 2019•Ажурирај: 16 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Новиот светски кошаркарски шампион е репрезентацијата на Шпанија која во финалето на Светскиот кошаркарски шампионат ФИБА 2019 што се одржа во Кина, ја совлада Аргентина со 95:75, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанија многу добро го започна натпреварот во одбраната и нападот и во првите 4 минути водеше со 14:2. Аргентинците успеаја да остварат 11:0 и во 8. минута го намалија водството на 14:13. Шпанија повторно ја презеде играта во свои раци и на крајот од првата четвртина резултатот изнесуваше 23:14.
Во втората четвртина Шпанија преку Фернандез веќе во 13. минута водеше со 31:14, а Аргентина изненадувачки се врати во игра и го намали резултатот на 27:35, за првото полувреме да заврши со резултат од 43:31 за Шпанија.
Во третата четвртина Шпанија веќе во 25. минута од средбата имаше предност од 22 поени разлика, водејќи со 55:33, а оваа четвртина заврши со резултат 66:47 за Шпанија.
Последната четвртина Аргентина ја започна со силна одбрана и во 34. минута од натпреварот успеа да го намали водството на 12 поени разлика, со резултат 68:56. Во продолжението на натпреварот Шпанија успеа да се оддели и на крајот да извојува победа од 95:75, освојувајќи ја шампионската титула на ФИБА 2019 во Кина.
- Втора титула на Шпанија
Кошаркарската репрезентација на Шпанија по вторпат успеа да ја освои шампионската титула.
Првата титула ја освои во Јапонија 2006 година.
Репрезентацијата на Аргентина по третпат играше во финалето на Светскиот кошаркарски шампионат, освојувајќи го вториот сребрен медал.
За третото место се бореа репрезентациите на Франција и Австралија. Франција беше поуспешна и го освои бронзениот медал со победата од 67:59.