Halil Ibrahim Avsar
17 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
АНКАРА
На Светското првенство во борење одржано во Казахстан, турскиот борач Риза Кајаалп освои златен медал во грчко-римски стил во категоријата од 130 килограми, јавува Anadolu Agency (AA).
На четвртиот ден од Првенството кое се одржува во казахстанскиот главен град Нурсултан, турскиот борач Риза Кајаалп се соочи со Кубанецот Оскар Пино Хиндс во грчко-римски стил во категоријата од 130 килограми.
На последниот меч во Првенството Риза победи против кубанскиот борач со резултат 3:1 и го освои златниот медал.

Инаку, Риза, кој доби квота за Олимписките игри во Токио во 2020 година, во четвртфиналето се пласираше откако ги победи Хасмани Акоста Фернандез и Лингзе Менг.
Турскиот борач во четвртфиналето беше подобар од Иакоби Кајаиа од Грузија, со резултат 5:1, додека во полуфиналето извојува победа против Германецот Едуард Поп од 4:1.
- Риза постигна нов рекорд
Риза Кајаалп стана прв турски спортист кој четирипати стана светски првак во грчко-римски стил.
Носителот на сребрен медал на Олимписките игри, Риза Кајаалп, зад себе ги остави Хамза Јерликаја и Селчук Чеби кои имаат по три златни медали во светско првенство.
По Хусајин Акбаш кој четирипати е носител на златен медал на Светското првенство во слободен стил, Риза стана првиот турски борач кој ја постигна оваа бројка на медали.
Тој претходно стана првак во светските првенства во 2011, во 2015 и во 2017 година.
Риза оваа година го освои својот деветти златен медал во Европското првенство кое се одржа во Романија.
- Две медали во грчко-римски стил
Завршија борбите на Светското првенство во борење грчко-римски стил.
Турција во грчко-римски стил освои 1 златен и 1 бронзен медал, со што доби 2 олимписки квоти.
Турскиот борач Џенк Илдем вчера го освои бронзениот медал.