Halil Ibrahim Avsar
03 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Четвртфиналните натпревари во Европското првенство во одбојка за жени 2019 година ќе се одиграат утре, пренесува Anadolu Agency (AA).
Возбудата за Првенството ќе продолжи со четвртфиналните натпревари. Екипите кои ќе играат во полуфиналето ќе бидат познати по натпреварите што ќе бидат одиграни во Турција и Полска.
Во осминафиналните натпревари националниот тим на Турција ја совлада екипата на Хрватска со резултат од 3:2. Турција во четвртфиналето ќе игра со екипата на Холандија - натпреварот ќе се одигра во Спортската сала во Анкара со почеток во 18:30 часот по локално време.
Во вториот четвртфинален натпревар ќе играат националните екипи на Србија и Бугарија, исто така во Анкара.
Во Лоѓ, Полска, ќе играат репрезентациите на Италија - Русија и Полска - Германија.
Европското првенство во одбојка по 1967 и 2003 година по третпат се одигрува во Турција. Оваа година домаќини на Првенството се Турција и Полска. Домаќин на полуфиналниот, натпреварот за третото место и финалето на Шампионатот ќе биде Турција.
Распоредот на четвртфиналните натпревари на Европското првенство во одбојка на жени 2019 година што ќе се одиграат утре е следниот:
Турција (Анкара)
16:00 Србија - Бугарија
18:30 Турција - Холандија
Полска (Лоѓ)
18:00 Италија - Русија
20:30 Полска - Германија