спорт

Утре ќе биде познат новиот светски шампион во фудбал

Новиот светски шампион во фудбал ќе биде познат утре, по натпреварот меѓу репрезентациите на Хрватска и Франција

Hilmi Sever  | 14.07.2018 - Обновена : 15.07.2018
Утре ќе биде познат новиот светски шампион во фудбал

Moskova

МОСКВА (АА) - Утре, по финалниот натпревар меѓу репрезентациите на Хрватска и Франција на Светското фудбалско првенство Русија 2018, ќе биде познат новиот шампион, јавува Anadolu Agency (AA).

Финалниот натпревар ќе се одигра на Арената „Лужники“ во Москва, со почеток во 17:00 часот.

Натпреварот ќе го води аргентинскиот судија Нестор Питана. Помошни судии ќе бидат неговите сонародници Херман Маидана и Хуан Белати.

- Трето финале на Франција, прво на Хрватска

Франција по третпат ќе учествува во финале на светските фудбалски првенства. Претходно, како домаќин стана светски шампион во 1998 година, а оваа година има за цел да ја освои својата втора титула.

Репрезентацијата на Хрватска за првпат игра во финалето на светските првенства. Со освојување на шампионската титула, сака да влезе во фудбалската историја.

  • Патот до шампионската титула предводен од домашни тренери

Интересен е фактот дека во финалето се среќаваат две репрезентации кои имаат домашни тренери, Дидие Дешамп како селектор на Франција или Златко Далиќ како селектор на Хрватска ќе ја продолжат традицијата на репрезентации кои го освоиле Светското фудбалско првенство предводени од домашни тренери. 

- Борба за трето место

Денеска на програмата е натпреварот за трето место. На стадионот „Санкт Петербург“ во Санкт Петербург ќе се сретнат репрезентациите на Белгија и Англија. Натпреварот започнува во 16:00 часот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.