спорт

УЕФА за два милиони евра ги редуцира европските приходи за Фенербахче

УЕФА наведува дека на Фенербахче ќе му одземе два милиони евра приходи од натпреварите на УЕФА во наредните две сезони (2020/21 и 2021/22)

Can Erözden  | 22.07.2020 - Обновена : 23.07.2020
УЕФА за два милиони евра ги редуцира европските приходи за Фенербахче

НИОН (АА) - Европската фудбалска федерација (УЕФА) денес го казни турскиот клуб Фенербахче со ускратување на два милиони евра приходи од европските натпреварувања поради кршење на Финансискиот фер-плеј (ФФП), пренесува Агенција Анадолија (AA).

УЕФА во соопштението наведува дека на Фенербахче ќе му одземе два милиони евра приходи од натпреварите на УЕФА во наредните две сезони (2020/21 и 2021/22).

Контролното тело за финансии на клубовите (CFCB) го санкционираше Фенербахче затоа што истанбулскиот клуб не ги исполнил условите наметнати на 19 јули 2019 година, истакнаа од УЕФА.

УЕФА не ја намали казната на еден милион евра бидејќи Фенербахче не успеал да го реструктуиа својот долг до 15 октомври 2019 година.

УЕФА финансиски ги следи клубовите за да се осигура дека не трошат повеќе пари отколку што заработуваат. ФФП е воспоставен за да им помогне на клубовите долгорочно да ги избегнуваат финансиските проблеми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın