Dejan Maksimovic
24 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
ЛОНДОН
Наредната сезона на Премиер лигата на Англија во фудбалот ќе започне на 12 септември 2020 година, а ќе заврши на 23 мај 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Актуелната сезона во една од најатрактивните лиги во светот ќе заврши оваа недела, со два месеци задоцнување во однос на првобитниот план, кој го поремети пандемијата на Ковид-19.
Датумот на започнување на следната сезона го договорија претставниците на клубовите за време на денешната видеоконференција.
Насловот на шампионот на Англија наредната сезона ќе го брани Ливерпул. За сега се знае дека елитата ќе ја напушти Норвич Сити, а во Премиер лигата од Шампионатот ќе влезат Лидс Јунајтед и Вест Бромвич Албион. Третиот дебитант во Премиер лигата наредната сезона ќе се знае по одигрувањето на плеј-офот, кој започнува во недела, а истиот ден ќе биде познато и кои два клубови од елитата ќе заминат во Шампионатот.