Muhammed Boztepe
17 Јули 2023•Ажурирај: 18 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Репрезентацијата на Туркије вчера со резултат 3:1 во сетови ја совлада Кина и стана шампион на Светското првенство во одбојка за жени во организација на ФИВБ (Меѓународна одбојкарска федерација), известува Анадолу.
Одбојкарките на Туркије извојуваа победа во финалниот натпревар, кој се одигра во американскиот град Арлингтон, во сојузната држава Тексас, совладувајќи ја селекцијата на Кина со резултат 3:1 (по сетови 25:22, 22:25, 25:19 и 25:16).

Со овој триумф турските одбојкарки првпат во својата историја станаа светски шампионки.
Селекцијата на Полска освои трето место и бронзен медал, совладувајќи ја селекцијата на САД со резултат 3:2 (по сетови 25:15, 16:25, 25:19, 18:25 и 17:15).
