Oktaj Omeragik
25 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
СКОПЈЕ
Вчера се одиграа последните четвртфинални натпревари од Европското првенство во одбојка за мажи ЕУРО 2019, јавува Anadolu Agency (AA).
Во последните два четвртфинални натпревари од ЕУРО 2019 се сретнаа Србија - Украина и Франција - Италија. Репрезентацијата на Франција извојува убедлива победа над Италија од 3 : 0 (25 : 16, 27 : 25, 25 : 14) и избори пласман во полуфиналето.
Вториот натпревар меѓу Србија и Украина беше исполнет со пресврти. По водство на Украина од 0 : 1 во сетови, Србија освои два сета по ред и го презеде водството со 2 : 1. Во четвртиот сет Украина го освои четвртиот сет за изедначување на резултатот на 2 : 2. Сепак, репрезентацијата на Србија се врати во игра и со одлична игра во 5. сет извојува победа од 3 : 2 и пласман во полуфиналето на ЕУРО 2019 во одбојка за мажи.
Првиот натпревар од полуфиналето на Европското одбојкарско првенство за мажи ЕУРО 2019 е закажан за 26 септември (четврток), а се среќаваат репрезентациите на Полска и Словенија. Натпреварот започнува во 20:30 часот.
Второто полуфинале е закажано за 27 септември (петок), а во него се среќаваат репрезентациите на Србија и Франција. Натпреварот започнува во 20:45 часот.
Словенија е единствената репрезентација во полуфиналето на ЕУРО 2019 во одбојка која во групната фаза претрпе два порази и имаше скор од 9 бода и сооднос 10:7 во сетови. Репрезентациите на Полска, Србија и Франција во натпреварите по групи освоија максимални 15 бода и сите имаа сет разлика од 15:1.