Halil İbrahim Avşar
05 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Турската машка одбојкарска репрезентација ќе ги игра во Скопје сите свои натпревари во квалификациите за учество на Европското првенство 2021, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европската конфедерација за одбојка (ЦЕВ) соопшти дека се направени некои измени во квалификациите за Европското првенство во одбојка 2021 година закажани за јануари, поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Во соопштението се наведува дека откако Данска се повлекла од организирањето на натпреварите од првата фаза што требаше да се одржат во оваа земја, донесена е одлука квалификациите во оваа фаза да бидат организирани во Скопје од 11 до 16 јануари 2021 година.
Распоредот на натпреварите во групната фаза е утврден според рангирањето на репрезентациите во Европа, според кој во Групата Ц ќе се натпреваруваат репрезентациите на Северна Македонија, Турција и Босна и Херцеговина.
Сите натпревари ќе се играат во Спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.
Распоред на натпреварите од квалификациите во Групата Ц:
- 12 јануари 2021 година
18:00 Босна и Херцеговина - Турција
- 13 јануари 2021 година
18:00 Турција - Северна Македонија
- 15 јануари 2021 година
18:00 Турција - Босна и Херцеговина
- 16 јануари 2021 година
18:00 Северна Македонија - Турција
На крајот од квалификациите за учество на Европското првенство во одбојка за мажи, што ќе биде организирано како два одделни турнири, тимовите кои во своите групи ќе го освојат првото место и најдобрите 5 второпласирани репрезентации ќе имаат право да учествуваат на ЕП 2021, што заеднички ќе го организираат Полска, Чешка, Естонија и Финска во 2021 година.