Fatih Çakmak
11 Јуни 2022•Ажурирај: 12 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Машката репрезентација на Туркије освои златен медал на Европското првенство во стрелаштво што се одржува во Германија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Машката селекција на Туркије славеше во финалето во Минхен против селекцијата на Холандија. Турскиот тим составен од Батухан Акчаоглу, Емирџан Ханеј и Јакуп Јилдиз ги победи Холанѓаните со резултат 238:230 и стигна до европското злато.
Мехмет Гунај, генералниот конзул на Турција во Минхен, ѝ го врачи златниот медал на машката репрезентација на неговата земја.
Така, Туркије го освои својот втор медал на Европското првенство во стрелаштво, откако претходно женската репрезентација ја освои бронзата.