Ersoy Sevinç
10 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Заврши 2. Меѓународен фестивал на традицонални игри Туркоглу Авасим во Кахраманмараш, Турција, каде што Сердар Асан од Македонија го освои првото место во стрелање од 20 метри, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот траше три дена, а беше организиран од страна на Општината Туркоглу, и локалните власти, Здружението Туркоглу Авасим за традиционално стрелање и Фондот за промовирање при канцеларијата на премиерот на Турција.
Во рамките на натпреварите, натпреварувачите присуствуваа во дисциплините борење, стрелање, фрлање копје и стрелање од коњ, а Сердар Асан од Македонија го освои првото место на почетното стрелање од 20 метри.
Добитниците беа наградени со трофеи и медали од страна на локалните власти.
На фестивалот натпреваруваа околу 1.100 спортисти од Македонија, Азербејџан, Бугарија, Иран, Хрватска, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Казакистан, Малезија, Мексико, Монголија, Холандија, Полска и Украина.