Dejan Maksimovic
10 Јуни 2024•Ажурирај: 11 Јуни 2024
ПАРИЗ (АА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е победник на Ролан Гарос, вториот Гренд слем турнир годинава, откако во извонредно финале со резултат 3:2 во сетови го совлада Германецот Александар Зверев, известува Анадолу.
Во натпреварот, кој беше исполнет со возбудувања и пресврти, Шпанецот беше посмирен и поконкретен во одлучувачкиот сет, кој го освои со убедливи 6:2 и на крајот се закити со шампионската титула на Ролан Гарос, својата трета Гренд слем титула во кариерата.
Финален резултат на натпреварот Александар Зверев - Карлос Алкараз: 2:3 (3:6, 6:2, 7:5, 1:6, 2:6).