Besar Ademi
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – Трофејот наменет за победникот на УЕФА Супер куп 2017 трофејот, чие финале ќе се одигра на 8 август оваа година на националната арена „Филип Втори“ во Скопје каде ќе играат победниците на Лигата на шампионите и на Европската лига, во текот на денешниот ден љубителите на фудбалот ќе имаат можност да го видат на платото пред Куќата на фудбалот во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Златко Андоновски од Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека наредниот понеделник ќе се реализира официјалното промовирање на македонскиот фудбалер, Горан Пандев, како амбасадор на УЕФА Супер куп трофејот, фудбалер кој во својата кариера играл за неколку европски клубови.
„Ова е во голема корист за Фудбалската федерација на Македонија, за град Скопје, но и за Република Македонија, затоа што за прв пат во овој регион на Балканот ќе се одржи ваков голем фудбалски настан“ истакна за АА Андоновски.
Андоновски нагласи дека натпреварот на 8 август ќе придонесе за промовирањето на градот Скопје, на Македонија и на Македонската фудбалска федерација.