Dejan Maksimoviç
19 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Најдобриот тенисер на светот Британецот Енди Мари поради повреда на десниот лакт се откажа од настапите на „Мајами Опен“ следната недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Минатата недела, Мари беше сосема неочекувано поразен во вториот „Индијан Велс“ од Канаѓанинот Васек Поспишил.
„Ќе се фокусирам на подготовките за сезоната на песок. Извинете фанови, ова е еден од моите омилени турнири“, рече Мари кој двапати славеше во Мајами во 2009 и 2013 година.
Британскиот тенисер во ждрепката ќе го замени 136. играч во светот Американецот Тејлор Фриц.
Се очекува дека Мари би можел да се врати на теренот на почетокот од следниот месец во четвртфиналето на „Дејвис купот“ во кој Велика Британија ќе се сретне со Франција во Руан.