Doga Kirmizioglu
17 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
АНКАРА (АА) – Извлечени се двојките за четвртфиналето на Европската лига на УЕФА, која е мeѓу најпрестижните организации на европскиот фудбал, јавува Anadolu Agency (AA).
Извлекувањето се одржа во седиштето на УЕФА, во швајцарскиот град Нион, каде што беше присутен поранешниот фудбалер на Шведска, Патрик Андерсон, кој го одреди дуелот меѓу единствената турска екипа во овој шампионат, Бешикташ и францускиот клуб, Олимпик Лион.
Црно-белите, на 13 април, како гостин ќе го одиграат својот прв натпревар во четвртфиналето, додека во реваншниот меч кој ќе се одигра на 20 април, Бешикташ ќе биде домаќин.
Полуфиналните натпревари на Европската лига на УЕФА ќе се одиграат на 4 и на 11 мај, а финалето ќе се одигра на 24 мај, на стадионот „Френдс арена“, кој се наоѓа во главниот град на Шведска, Стокхолм.
Четвртфиналните натпревари на Европската лига на УЕФА се следниве:
Андерлехт (Белгија) – Манчестер Јунајтед (Англија)
Селта Виго (Шпанија) – Генк (Белгија)
Ајакс (Холандија) – Шалке 04 (Германија)
Олимпик Лион (Франција) – Бешикташ (Турција)