Oktaj Omeragik
04 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
СКОПЈЕ
Репрезентацијата на Северна Македонија се искачи за три места и во моментов се наоѓа на 68. место на ранг-листата на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА), јавува Anadolu Agency (AA).
Според најновата листа што на својата интернет-страница ја објави ФИФА, репрезентацијата на Северна Македонија, благодарение на покажаниот успех во квалификациите за Европското првенство ЕУРО 2020, го зголеми своето бодовно салдо за 7 поени и со 1.350 поени се најде на 68. место.
И на најновата листа, репрезентацијата на Белгија ја сочува лидерската позиција. Меѓу првите 10 репрезентации на ранг-листата на ФИФА се наоѓаат:
1. Белгија
2. Франција
3. Бразил
4. Англија
5. Хрватска
6. Уругвај
7. Португалија
8. Швајцарија
9. Шпанија
10. Данска
Во однос на претходната листа, генерално нема големи измени, освен што Англија и Хрватска ги сменија местата, а ист е случајот и меѓу репрезентациите на Уругвај и Португалија.
Најдобро пласирана земја од регионот е Хрватска, на 5. позиција. Позиции на земјите од регионот на ранг-листата на ФИФА:
5. Хрватска
29. Србија
35. Босна и Херцеговина
39. Турција
43. Грција
51. Бугарија
51. Црна Гора
62. Албанија
63. Словенија
68. Северна Македонија
127. Косово