Северна Македонија го „торпедираше“ Лихтенштајн со 5:0 во квалификациите за пласман на СП 2026
- Фудбалската репрезентација на Северна Македонија во рамките на петтото коло во групата Ј за пласман на СП 2026, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада репрезентацијата на Лихтенштајн со 5:0

СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската репрезентација на Северна Македонија во рамките на петтото коло во групата Ј за пласман на СП 2026, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада репрезентацијата на Лихтенштајн со 5:0, известува Анадолу.
Северна Македонија прејде во водство со извонредниот погодок на Елиф Елмас во 15-тата минута. Елмас ја прими топката на левата крилна позиција и минувајќи 4 противнички играчи успеа да го совлада голманот на Лихтенштајн за водство од 1:0.
Бојан Илиевски во 21 минута доби жолт картон, поради што нема да може да настапи на следната средба против Белгија во Гент. Македонските репрезентативци продолжија со притисокот врз голот на гостите, но одбраната на Лихтенштајн делуваше компактно и успеаја да го одбранат својот гол до крајот на полувремето на кое се замина со водство на Северна Македонија од 1:0.
На почетокот од второто полувреме Северна Македонија продолжи со интензивен притисок на голот на Бухел.
По еден напад од десната страна топката дојде до капитенот Барди кој ја затресе противничката мрежа за водство од 2:0.
Во 56. минута Чурлинов постигна убав погодок за водство на Северна Македонија од 3:0.
По големиот притисок пред голот на Лихтенштајн, Северна Македонија поведе со 4:0 со голот на Ќамили во 82 минута.
Во 90-тата минута Станковски постигна погодок за конечни 5:0.
Со оваа победа Северна Македонија се искачи на првото место во групата со 11 бода од 5 средби, колку има одиграно и второпласираниот Велс со 10 бода. На третата позиција е Белгија со 7 бода од 3 одиграни натпревари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.