Hüseyin Burak Demirer
01 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
АНКАРА (АА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победникот на АТП турнирот „Мексикан опен“, освојувајќи го првиот трофеј годинава, а вкупно 85. во својата кариера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Надал, моментално вториот рекет во светот, го освои трофејот без изгубен сет, а во финалниот меч со резултат 6:3 и 6:2 го совлада Тејлор Фриц.
Така Рафаел Надал стана трикратен освојувач на турнирот „Мексикан опен“, бидејќи претходно победи на истиот турнир во 2005 и 2013 година.
Популарниот „Рафа“ е четвртиот тенисер на листата со најмногу освоени турнири во „Опен-ерата“, а ова е 17. година по ред во која освојува трофеи.
„Мексикан опен“ е турнир на кој Надал е и најмлад и најстар освојувач во неговата историја.