Hüseyin Burak Demirer
02 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
АНКАРА
- Хусеин Бурак ДЕМИРЕР
Викендов се играа натпревари во фудбалските лиги низ Европа. Ви даваме приказ од петте најсилни фудбалски лиги во Европа - Премиер лига (Англија), Ла лига (Шпанија), Бундес лига (Германија), Серија А (Италија) и Лига 1 (Франција).
Ливерпул и по ова коло остана на врвот во Англија, Реал Мадрид повторно го презеде водството во Шпанија, Баерн Минхен е лидер во Германија, Лацио го презеде водството во Италија, а Париз Сен Жермен остана на врвот во Франција.

- Премиер лига
Лидерот Ливерпул му гостуваше на Ватфорд. Гостите загубија со 3:0, со што Ливерпул ја прекина непобедливата серија која траеше 44 натпревари. Ова е прв пораз на Ливерпул во Премиер лигата.
Манчестер Сити и Астон Вила, поради учеството во финалето на англискиот Лига куп не ги одиграа своите натпревари од редовното коло.
Лестер Сити кој му гостуваше на Норвич Сити загуби со 1:0. Борнмут на домашен терен ја пречека екипата на Челси, а натпреварот заврши без победник, 2:2. Манчестер Јунајтед одигра нерешено, 1:1 на гостинскиот терен на Евертон.
По 28. коло во Премиер лигата Ливерпул е лидер на табелата со 79 бода, Манчестер Сити има 57 (и натпревар помалку), Лестер Сити има 50, следува Челси со 45 и Манчестер Јунајтед со 42 бода.
- Ла лига
Реал Мадрид дербито „Ел класико“ против Барселона го играше на домашен терен. Домаќините извојуваа победа од 2:0 и повторно го презедоа водството во шпанската Ла лига.
Севилја против Осасуна на домашен терен извојува победа од 3:2, додека Гетафе ја совлада Мајорка со минимални 1:0.
Атлетико Мадрид на гостинскиот терен на Еспањол одигра нерешено, 1:1.
По 26. коло во Ла лига, Реал е повторно во водство со 56 бода, следува Барселона со 55, Севилја со 46, Гетафе со 45 и Атлетико Мадрид со 44 бода.
- Серија А
Во италијанската прва фудбалска лига Серија А не се одиграа 5 натпревари, меѓу кои и средбите на Јувентус и Интер кои се борат за шампионската титула. Причина за откажувањето на средбите се случаите на коронавирус кои во голема мера се забележуваат во северните делови на Италија. Овие средби се презакажани за 13 мај.
Лацио на домашен терен со 2:0 ја совлада Болоња и ја нанижа својата 4. победа во серија, останувајќи 21 натпревар без пораз. Екипата на Лацио по првпат по сезоната 2010/11 го зазеде првото место во Серија А.
Аталанта која го привлече вниманието со одличната игра последните две сезони, како гостин на Лече му нанесе тежок пораз од 2:7
По 26. коло Лацио е новиот лидер во Серија А со 62 бода. Следуваат Јувентус со 60 бода и натпревар помалку и Интер со 54 бода и 2 натпревари помалку. Аталанта е четврта со 48, додека Рома е петта со 45 бода.
- Бундес лига
Баерн Минхен, лидерот во Бундес лигата, како гостин катастрофално го совлада Хофенхајм со 0:6 и ја постигна својата 9. победа во последните 10 средби.
Лајпциг одигра нерешено 1:1 против Баер Леверкузен.
Борусија Дортмунд на домашен терен го совлада Фрајбург со минимални 1:0, додека Борусија Минхенгладбах како гостин го совлада Аугсбург со 2:3.
Фортуна Дизелдорф против Херта Берлин одигра нерешено, 3:3.
По 24. коло во Бундес лигата Баерн Минхен е лидер со 52 бода. Следува Лајпциг со 49, Борусија Дортмунд со 48, Борусија Минхенгладбах со 46 и натпревар помалку и Баер Леверкузен со 44 бода.
- Лига 1
Лидерот во француската Лига 1, екипата на ПСЖ, на домашен терен го совлада Дижон со 4:0.
Олимпик Марсеј како гостин го совлада Олимпик Ним со 2:3. Тулуз како домаќин загуби од Рен со 0:2.
По 27. коло во француската Лига 1, ПСЖ продолува да е лидер на табелата со 68 бода. Следуваат Олимпик Марсеј со 55, Рен со 47, Лил со 46 и Лион со 40 бода.