Fatih Erel
19 Мај 2023•Ажурирај: 21 Мај 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот од француската Прва фудбалска лига (Ligue 1), Париз Сен Жермен (ПСЖ), го обнови договорот со бразилскиот одбранбен играч Маркињос, пренесува Анадолу.
Според соопштението на клубот, договорот на 29-годишниот капитен на овој клуб, Маркињос, е продолжен до 30 јуни 2028 година.
„ПСЖ е среќен што објавува дека е постигнат договор за продолжување на договорот со Маркињос“, се вели во соопштението на ПСЖ.