Fatjon Cuka
11 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
ТИРАНА
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Мухамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Косовo Агим Адеми, претседателот и претседателот на италијанската фудбалска федерација Габриел Гравина, престојуваат во посета на Албанија,јавува Агенција Анадолија (АА).
Сејдини, Адеми и Гравина се состанаа со претседателот на албанската фудбалска федерација (АФФ) Арманд Дука, a целта на нивната посета е да ги погледнат градежните работи на АФФ и нејзините партнери, кои градат станбени единици за погодените семејства од земјотресот кој ја погоди Албанија во ноември 2019 година.
Дука и Гравина во изјава за медиумите по состанокот, се фокусираа на солидарноста со Албанија по земјотресот и соработката меѓу федерациите.
Претседателот на Албанската фудбалска Федерација, Дука, им се заблагодари на своите колеги „за нивната солидарност за многу тежок момент, каков што е земјотресот во ноември 2019 година“.
„Претседателот Гравина беше првиот кој ми се јави и праша за нашаите потреби и што можат да сторат за да ни помогнат, и тој се приклучи на иницијативата на Фудбалската федерација за изградба на некои куќи со фондот кој го основавме”, рече Дука додавајќи дека и други фудбалски федерации го поддржале овој фонд, а меѓу кои се и ФФМ, Фудбалската федерација на Косово, Шпанската фудбалска федерација, како и Северна Ирска.
Гравина рече дека кога има момент на голема тешкотија, луѓето се обединуваат и им помагаат на своите пријатели и браќа.
„Фудбалот има единствен, универзален јазик и ги обединува народите. Имаме заеднички проект за фудбалот. Ние сме поврзани и преку нашите земји, но и на европско ниво", рече Гравина.
Дука и неговите тројца колеги ќе ja посетат општина Круја каде што Албанската фудбалска федерација гради станбени единици за семејствата погодени од земјотресот со поддршка на своите партнери.