Abdullah Tevge
11 Март 2021•Ажурирај: 12 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Јута Џез, лидерот на Западната конференција во американската Национална кошаркарска лига (НБА), објави дека во својот состав го донела турскиот интернационалец, кошаркарот Ерсан Илјасова, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на социјалните мрежи преку профилот на клубот се вели дека Ерсан Илјасова отсега ќе игра за Јута Џез.
Турскиот интернационалец кој во својата кариера во НБА настапи на 808 натпревари, оствари просек од 10,3 поени, 5,7 скока и 1,1 асистенција.
Триесет и тригодишниот кошаркар кој досега настапуваше во редовите на Милвоки Бакс, претходно го носеше дресот на Детроит Пистонс, Орландо Меџик, Оклахома Сити Тандер, Диладелфија Севентисиксерс и Атланта Хоукс.
Илјасова кој сѐ уште е активен кошаркар во НБА, е еден од 26-те кошаркари во историјата на ова натпреварување кој ја надминал границата од 8.000 поени и 4.500 скока.
Од друга страна, турскиот интернационалец во редовите на лидерот на Западната конференција ќе го носи дресот со број 77.