Doğa Kırmızıoğlu
27 Февруари 2021•Ажурирај: 27 Февруари 2021
АНКАРА
Екипата на Мајами Хит во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА) со резултат 124:116 го совлада лидерот на Западната конференција, Јута Џез, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Екипата на Мајами Хит, претставник на Источната конференција, во Американ ерлајнс арената ја пречека екипата на Јута Џез, лидерот на Западната конференција. Домаќините извојуваа победа од 8 поени разлика и го продолжија својот напредок во лигата.
Хит со победата над Џез ја зголеми на 5 серијата од последователни победи, вкупно 16 сезонава. Најзаслужни за победата на Хит се Џими Батлер со дабл-дабл од 33 поени, 10 скока и 8 асистенции, Горан Драгиќ со 26 поени, 3 скока и 2 асистенции, Бам Адебајо со дабл-дабл од 19 поени, 11 скока и 7 асистенции и Данкан Робинсон со 15 поени и 6 скока.
Екипата на Јута Џез, и покрај 26-те победи, го претрпе својот 7. пораз сезонава. Најпрецизни во редовите на Џез беа Донован Мичел со 30 поени, 6 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки, Бојан Богдановиќ со 17 поени и 2 скока, Руди Гоберт дабл-дабл од 15 поени и 12 скока и Мајк Конли со 14 поени и 7 асистенции.
- Лејкерси победија благодарение на Леброн
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс, актуелниот шампион на НБА, на домашен терен го пречека тимот на Портланд Треил Блејзерс. Лејкерс извојува победа од 102:93 и го постигна својот 23. триумф сезонава.
Најдобар перформанс во редовите на Лејкерс постигна олстар-ѕвездата Леброн Џејмс со дабл-дабл од 28 поени, 11 скока, 7 асистенции, 4 украдени топки и 3 блокади. Денис Шредер со постигнатите 22 поени, 3 скока и 2 асистенции и Монтрезл Харел со постигнатите 17 поени, 9 скока и 2 асистенции го дадоа својот придонес во победата на Лејкерс.
Во редовите на Блејзерси, кои го претрпеа својот 4-ти последователен пораз, најпрецизни играчи беа Дејмијан Лилард со 35 поени и 7 асистенции и Гери Трент со 19 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
- Вориорс дојде до својата 19. победа
Екипата на Голден Стејт Вориорс, која оваа сезона прикажува подобар перформанс од минатата година, на домашен терен со 130:121 ја совлада екипата на Шарлот Хорнетс.
Во редовите на екипата на Вориорс, која ја постигна својата 3-та последователна победа, вкупно 19. сезонава, најпрецизни играчи беа Стефен Кари со 29 поени, 9 скока, Кели Обри со 27 поени и 6 скока, Ендру Вигинс со 17 поени, 3 скока и 3 асистенции, а Дрејмонд Грин постигна трипл-дабл од 11 поени, 19 асистенции и 12 скока.
Хорнетс го доживеаја својот 17. пораз сезонава. Најпрецизни во неговите редови беа Малик Монк со 25 поени и 5 скока, Тери Розиер со 24 поени, 3 асистенции и 2 скока и ЛаМело Бол со 22 поени, 7 скока и 6 асистенции.
- Резултати:
Бостон Селтикс - Индијана Пејсерс 118:112
Торонто Репторс - Хјустон Рокетс 122:111
Детроит Пистонс - Сакраменто Кингс 107:110
Мајами Хит - Јута Џез 124:116
Чикаго Булс - Феникс Санс 97:106
Мемфис Гризлис - Лос Анџелес Клиперс 99:119
Оклахома Сити Тандер - Атланта Хоукс 118:109
Голден Стејт Вориорс - Шарлот Хорнетс 130:121
Лос Анџелес Лејкерс - Портланд Треил Блејзерс 102:93.