спорт

Премиерот на Шпанија Санчез: Фудбалската Ла Лига продолжува на 8 јуни

„Време е да се вратиме на бројните секојдневни рутински активности. И фудбалската Ла Лига се враќа од 8 јуни", рече шпанскиот премиер Санчез

Şenhan Bolelli  | 23.05.2020 - Обновена : 25.05.2020
Премиерот на Шпанија Санчез: Фудбалската Ла Лига продолжува на 8 јуни

МАДРИД

Премиерот на Шпанија Педро Санчез соопшти денес дека Владата ја одобрила одлуката за продолжување на фудбалската Ла Лига од 8 јуни, јавува Агенција Анадолија (АА).

Фудбалските натпреварувања во Шпанија беа запрени на 14 март поради пандемијата на Ковид-19, а премиерот Санчез денес најави нови чекори во правец на заблажување на рестриктивните мерки кои во оваа земја се воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

„Најлошото е зад нас, го гледаме светлото на крајот на тунелот", рече Санчез.

Истакнувајќи дека Шпанија го направила она што требала, Санчез рече дека е време за ублажувње на рестриктивните мерки.

„Време е да се вратиме на бројните секојдневни рутински активности. И фудбалската Ла Лига се враќа од 8 јуни", рече Санчез.

Организаторите на шпанската Ла Лига претходно најавија дека натпреварувањето би можело да продолжи од 12 јуни, што е во согласност со најавата на премиерот.

Сите фудбалери и персоналот на шпанските клубови веќе се тестирани на коронавирус, а позитивни налази имаа тројца играчи. Фудбалските екипи во Шпанија веќе тренираат во групи и со почитување на епидемиолошките мерки.

Ла Лига запре со натпреварите по одиграните 27 кола, а моменталниот лидер на табелата е Барселона која има 58 бодови,а следува Реал Мадрид со два бода помалку.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.