Muhammed Enes Çallı
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Турција ја откажа Претседателската велосипедска тура поради ризикот поврзан со новиот вид коронавирус, Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Велосипедската федерација, Ерол Кучукбакирџи, за АА изјави дека трката следната година ќе се одржи во месец април.
„Доколку можевме да ја реализираме годинешната трка, ќе размислевме да ја организираме помеѓу 25 октомври и 1 ноември. Сè уште има ризик од вирусот и за овој период. И 'Тур де Франс' веројатно нема да се случи. Затоа, ќе ja организираме [Претседателскатa велосипедска тура] во април 2021 година поради здравјето и безбедноста на луѓето“, рече тој.