спорт

Чеферин: „Многу брзо ќе се врати фудбалот со навивачите“

- Тој изјави дека е неминовно во наредниот период да дојде до одредена финансиска криза во фудбалот поради пандемијата на Ковид-19. Смета дека треба да се очекува и пад на цените на договорите и платите за играчите.

Bakir Tiro  | 20.05.2020 - Обновена : 22.05.2020
Чеферин: „Многу брзо ќе се врати фудбалот со навивачите“

САРАЕВО

Александар Чеферин, претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), изјави дека многу брзо ќе се врати фудбалот со навивачите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Европскиот фудбал нема да мора да помине низ тежок период, бидејќи коронавирусот нема да трае вечно. Работите ќе се сменат побрзо отколку што другите мислат. Оптимист сум и не ми се допаѓа апокалиптичниот поглед на доаѓање на втор, трет, дури и петти бран на епидемијата. Ќе ги следиме сите препораки на властите. Меѓутоа, сигурен сум дека навивачите многу брзо ќе се вратат на стадионите“, изјави Чеферин за Гардијан.

Тој изјави дека е неминовно во наредниот период да дојде до одредена финансиска криза во фудбалот поради пандемијата на Ковид-19. Смета дека треба да се очекува и пад на цените на договорите и платите за играчите.

„Но, не е во ред да се вели дека играчите се алчни бидејќи им се високи платите. Тие донесуваат и многу приходи. Фудбалот е голема индустрија која плаќа огромни износи на даноци. Фудбалерите, исто така плаќаат огромни даноци“, истакна Чеферин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın