Hüseyin Burak Demirer
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
АНКАРА (АА)
- Хусејин БУРАК ДЕМИРЕР
Викендов се одиграа натпреварите во 5-те најпрестижни фудбалски лиги во Европа, Премиер лигата (Англија), Ла лига (Шпанија), Серија А (Италија), Бундеслига (Германија) и Лига 1 (Франција), пишува Агенција Анадолија (АА).
Тотенхем во Англија, Реал Сосиедад во Шпанија, Милан во Италија, Баерн Минхен во Германија и Париз Сен Жермен (ПСЖ) во Франција се лидери во националните лиги.
- Премиер лига
Во лондонското дерби, Тотенхем, лидерот во Премиер лигата, му гостуваше на Челзи. Натпреварот заврши без погодоци 0:0.
Актуелниот шампион Ливерпул одигра на гостувањето во Брајтон, откако во 90+3 минута од судиското продолжение прими гол.
Манчестер Јунајтед успеа да го совлада Саутемптон со 3:2 иако имаше негатива од 0:2, додека Манчестер Сити му нанесе катастрофален пораз од 5:0 на Барнли.
Тотенхем со 21 бод по 10. коло се наоѓа на врвот од табелата во англиската Премиер лига. Денес треба да се одиграат останатите два натпревари од ова коло меѓу Лестер Сити и Фулам и Вест Хем Јунајтед и Астон Вила. По Тотенхем следува Ливерпул со исти бодови, но со послаба гол-разлика. Челзи е третопласиран со 19 и Лестер Сити е на четвртата позиција со 18 поени.
- Ла Лига
Лидерот во шпанската Ла лига, Реал Сосиедад, ремизираше 1:1 против Виљaреал.
Атлетико Мадрид ја постигна својата 6-та победа во низа, совладувајќи ја Валенсија на гости со 0:1.
Актуелниот шампион Реал Мадрид на домашен терен загуби од Алавес со 1:2. Ова е втор пораз на Реал во последните 3 натпревари.
Барселона на домашен терен ѝ нанесе висок пораз на Осасуна од 4:0.
На крајот на 11. коло во Ла Лигата, Реал Сосиедад се наоѓа на врвот со 24 бода, следува Атлетико Мадрид со 23 бода и 2 натпревари помалку. Виљареал е третопласиран со 20 бода, додека Реал Мадрид е четвртопласиран со 17 бода.
- Серија А
Милан продолжува да ја одржува лидерската позиција во лигата без претрпен пораз. Во последното коло ја совлада Фиорентина со резултат 2:0.
Интер на гостувањето во Сасуоло извојува победа од 0:3
Екипата на Јувентус, која е освојувач на последните 9 национални првенства во Италија, на гостувањето во Беневенто освои само еден бод во натпреварот што заврши без победник 1:1. Екипата на Јувентус во последните 6 натпревари одигра 4 пати нерешено.
Наполи на својот прв натпревар по смртта на Диего Армандо Марадона, кој има важно место во фудбалската историја на клубот, ја победи Рома со 4:0.
Милан по 9. коло го сочува своето водство на табелата во Серијата А со 23 бода. По Милан следуваат Интер и Сасуоло со по 18 поени, додека Јувентус, Наполи и Рим имаат по 17 поени.
- Бундеслига
Актуелниот шампион Баерн Минхен и освојувач на германското национално првенство во последните 8 години, како гостин го совлада Штутгарт со 3:1.
Екипата на Лајпциг на домашен терен со резултат 2:1 ја совлада Арминиja Билефелд.
Баерн Леверкузен на домашен терен одигра без погодоци 0:0 против Херта Берлин, а Борусија Дортмунд како домаќин загуби со 1:2 од Келн.
На крајот од 9. коло во Бундеслигата, Баерн Минхен се наоѓа на врвот со 22 бода. Следуваат Лајпциг со 20, Баер Леверкузен со 19 и Борусија Дортмунд со 18 бода.
- Лига 1
ПСЖ, шампионот на Франција во последните 3 години, чија серија од 8 победи беше прекината минатата недела, ремизираше против Бордо со резултат 2:2.
Лил, играјќи нерешено 1:1 на гостувањето кај Сент Етјен, не успеа да ја искористи загубата на бодови на ПСЖ.
Олимпик Лион ги совлада Ремс со резултат 3:0, а со истиот резултат Монако го совлада Ним.
Монпеље извојува победа од 1:0 над Лорјан, додека Олимпик Марсеј како домаќин го совлада Нант со 3:1.
По 12. коло во француската Лига 1, на врвот од табелата продолжува доминацијата на ПСЖ со 25 бода. Лил, Олимпик Лион, Монако и Монпеље го делат второто место со 23 бода, додека Олимпик Марсеј се наоѓа на 6. место со 21 бод и 2 натпревари помалку.