спорт

Нова ранг-листа на ФИФА: Северна Македонија на 65., Турција на 32. место

Белгија го сочува првото место на новата ранг-листа на ФИФА, Хрватска на 11. место е најдобро пласирана земја од Балканот

Hüseyin Burak Demirer  | 27.11.2020 - Обновена : 27.11.2020
Нова ранг-листа на ФИФА: Северна Македонија на 65., Турција на 32. место

АНКАРА - Меѓународната фудбалска федерација ФИФА ја објави најновата ранг-листа на фудбалски репрезентации во светот. Репрезентацијата на Северна Македонија остана на 65. место, додека репрезентацијата на Турција, напредувајќи за едно место, се искачи на 32. позиција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На интернет-страницата на ФИФА објавена е најновата ранг-листа на фудбалски репрезентации во светот. Репрезентацијата на Северна Македонија со победата од 2:1 над Естонија и поразот од Ерменија од 1:0, зголемувајќи го бодовното салдо на 1.362 бода, го задржа 65. место на табелата, додека репрезентацијата на Турција, по победата од 3:2 над Русија и поразот од Унгарија од 2:0, со 1.487 бода се искачи на 32. место на табелата.

На листата на ФИФА нема измени во распоредот на првите шест репрезентации. Белгија се наоѓа на првото место со 1.780 бода, а зад неа следуваат Франција со 1.755 и Бразил со 1.743 бода. Англија е на четвртото место со 1.670 бода, петта е Португалија со 1.662 и шеста е Шпанија со 1.645 бода.

Репрезентацијата на Мексико која е на 9. и на Италија на 10. место, по подолга пауза повторно влегоа меѓу првите 10 репрезентации во светот.

Најголем напредок на табелата од 10 места оствари репрезентацијата на Екваторска Гвинеја, искачувајќи се на 134. место.

Тимот на Хрватска е најуспешна репрезентација од Балканот, со пласман на 11. место. Следува Србија која е на 30. место, Турција на 32., Грција на 53., БиХ на 55., Словенија на 62., Северна Македонија на 65., Албанија на 66., Бугарија на 68. и Косово на 117. место на ранг-листата на ФИФА.

Следната ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 10 декември.

Табела на првите 10 репрезентации на листата на ФИФА:

МестоРепрезентација Бодови Измена 
 1. Белгија 1.780     -
 2. Франција  1.755      -
 3. Бразил 1.743     -
 4. Англија 1.670      -
 5. Португалија 1.662     -
 6. Шпанија 1.645      -
 7. Аргентина  1.642    +1
 8. Уругвај 1.639     - 1
 9. Мексико 1.632    +2
 10. Италија  1.625    +2

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.