Oktaj Omeragikj
01 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во рамките на натпреварите од групната фаза, денес и утре се играат натпреварите од 5. коло во УЕФА Лигата на шампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Денес започнува 5. коло во УЕФА Лигата на шампиони, најзначајното клупско фудбалско натпреварување во Европа, со 8 средби во групите А, Б, Ц и Д.
Продолжува борбата за првите две места во групите за пласман во наредната фаза од Лигата на шампиони.
Во групата А, Баерн Минхен го обезбеди пласманот во наредната фаза, а вториот патник ќе се бара меѓу Атлетико Мадрид и Локомотив Москва. Вечерва Баерн Минхен му гостува на Атлетико Мадрид, додека Локомотив Москва на домашен терен го пречекува Салцбург.
Во групата Б, Борусија Менхенгладбах, Реал Мадрид и Шахтјор Донецк имаат шанси за пласман во наредната фаза. Вечерва имаме директен дуел меѓу Шахтјор Донецк и Реал Мадрид во борбата за пласман во наредната фаза на ЛШ.
Во групата Д, Ливерпул, Ајакс и Аталанта се во борба за пласман во наредната фаза. Вечерва се игра дуелот меѓу Ливерпул и Ајакс, кој во голема мерка може да ги одреди патниците во следната фаза, бидејќи во втората средба од истата група Аталанта му е домаќин на Мидтјиланд кој е на дното од табелата без освоен бод.
Вечерва на програмата се средбите:
18:55 Локомотив Москва - Салцбург
18:55 Шахтјор Донецк - Реал Мадрид
21:00 Атлетико Мадрид - Баерн Минхен
21:00 Борусија Менхенгладбах - Интер
21:00 Олимпик Марсеј - Олимпијакос
21:00 Порто - Манчестер Сити
21:00 Ливерпул - Ајакс
21:00 Аталанта - Мидтјиланд.
Утре се натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х:
18:55 Краснодар - Рен
18:55 Истанбул Башакшехир - Лајпциг
21:00 Севиља - Челзи
21:00 Клуб Бриж - Зенит
21:00 Борусија Дортмунд - Лацио
21:00 Ференцварош - Барселона
21:00 Јувентус - Динамо Киев
21:00 Манчестер Јунајтед - ПСЖ.